Полицијата трага по маж од Охрид, кој пред пет дена и нанел тешка телесна повреда на 25-годишна девојка од Охрид, додека била на нејзиното работно место. Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи Охрид, пред да ја нападне, тој подолг период ја вознемирувал девојката.
-На 03.10.2025 во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.Д. од Охрид, подолго време вознемирувал, а на 29.09.2025 година околу 22 часот и физички нападнал 25 годишна девојка од Охрид, која била на нејзиното работно место.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 131 од Кривичниот законик „тешка телесна повреда“, соопштија од СВР Охрид.
Деск
Полицијата трага по охриѓанец кој нападнал девојка на нејзиното работно место, нанесувајќи и тешка повреда
1 Min Read

