Младата фолк пејачка Стојне Николова заминува на Австралиска турнеја заедно со нејзиниот бенд Динамик, Чеде Спасиќ и Никола Тодороски.
Како што раскажува за ВИКИМЕДИА, турнејата ќе се одвива во ноември и декември годинава, и е во организација на Република ентертејнмент, Арена Евентс и Мак Евентс Австралија.
-Многу се радувам и едвај чекам да се дружиме со сите наши Македонци во Австралија! Веќе со полна пареа се подготвуваме за концертите и со нетрпение чекам нашинците да го слушнат и да го видат сето она кое го подготвивме.
Ги очекувам во голем број, да си направиме забави за прераскажување и паметење, вели Стојне и додава дека ова е нејзина трета турнеја во Австралија.
Ќе одржеле шест концерти во Сиднеј, Волонгог, Мелбурн и Перт.
Инаку, Николова е присутна на сцената околу 15 години. За првпат го привлече вниманието на јавноста во 2011 година, кога настапи на фолк фестивалот Роса Фест како 17-годишна девојка.
Во постаро интервју ни раскажа дека кога започнала со настапи, иако била доста млада, семејството и ја дало поддршката, бидејќи на сите им било јасно дека таа има талент.
Во време кога го подготвувала својот прв албум, на 16 години, нејзиниот татко ненадејно починал од мозочен удар и тоа било голем удар за неа. Сепак, собрала сила и го исполнила неговиот аманет, да продолжи со пеење и да стане препознатливо име на нашата естрада.
В.К.
Да си направиме забави за прераскажување со нашите иселеници, вели Стојне Николова пред турнејата во Австралија
2 Mins Read

