Жената која вчера управуваше со возило без автомобилски гуми, со отворен багажник и претекнуваше на полна линија, завршила во притвор. Како што пренесоа хрватските медиуми, кога ја запрела полицијата, и биле измерени 1,27 промили алкохол во крвта, а дополнителните тестови покажале дека била и под дејство и на наркотици.
Станува збор за хрватска државјанка на возраст од 42 години, на која освен што и бил одреден притвор во траење од 15 дена, во обвинителниот предлог се барало одземање на возачката дозвола во траење од 12 месеци, затворска казна од 30 дена, како и парична глоба од 2.240 евра.
-Таа е уапсена поради сторени прекршоци од Законот за безбедност во сообраќајот, информираат од полициската станица во Шибеник.
Инаку, за настанот известија голем број на регионални медиуми, а видео снимки и фотографии од возењето без гуми се споделуваат на социјалните мрежи.
Деск
Парична казна од 2.240 евра, 30 дена затвор и одземање на возачката дозвола во траење од една година за жената која возеше без автомобилски гуми
1 Min Read

