Носителот на листата кандидати за советници во Општина Липково е лицето во кое денеска беше пукано пред зградата на Општина Куманово, објави веб порталот Кумановски муабети.
Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од село Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Центарот на Куманово бил затворен, а на терен имало голем број на полициски службеници. Како што пренесува Кумановски муабети, според очевидци, напаѓачот побегнал.
Деск

