Две момчиња од Неготино се лишени од слобода, бидејќи едниот бил затекнат како превезува седум мигранти, од кои пет малолетници, а другиот пак, со возило бил негова претходница и го известувал каде има полиција на автопатот Демир Капија – Неготино, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-На 09.10.2025, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Б.М.(25) и В.Ч.(27), двајцата од Неготино. На 08.10.2025 околу 18:20 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, при што затекнале седум лица мигранти (шест од Египет, меѓу кои пет малолетници и едно од Ирак).
По преземени мерки констатирано е дека В.Ч. со патничко возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки бил претходница и го известувал Б.М. за поставеноста на полициски патроли на патот.
Известен е јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Деск
Фото: Илустрација

