Докторот на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково, Зекирија Шаини, пред три дена беше ранет додека се движел со возило на центарот на Куманово, денес и се обрати на јавноста.
Пред камерите, тој порача дека зад обидот за убиство не стои неговата сопруга Аријета Адили, и побара истражните органи за да разјаснат ситуацијата, и да се почитува нејзиниот имиџ.
-Изјавувам пред јавноста дека немам никакво сознание за мотивите на овој атентат, немам нерасчистени сметки со никого, не сум нарушил ничиј живот, приватност или нешто друго. Целосно ги отфрлам како неосновани и невистинити тврдењата дека зад ова дело стои мојата сопруга Арјета Адили. Затоа итно барам од истражните органи да ја разјаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а особено имиџот на госпоѓата Аријета Адили. Овој случај за жал се преставува со јасна намера за моја дискредитација и на моето семејство како и создавање збунетност и заблуда во јавноста.
Овој случај, за жал, се претставува со јасни намери да ме дискредитира мене и моето семејство и да создаде конфузија во јавнотоста. Ги молам органите за спроведување на законот и истражните органи да се справат со откривањето на вистинскиот осомничен во случајот и да не го претставуваат овој случај како спор или семеен спор, бидејќи ако беше така како што беше претставен на пошироката јавност, тогаш никогаш немаше да живеам со дотичната дама. Фала му на Бога, госпоѓата и моите две ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчани, порача Шаини.
Апелираше до надлежните органи да го откријат вистинскиот сторител на атентатот.
Од Јавното обвинителство пак, денес соопштија дека во врска со инциденот се поднесени кривични пријави против едно лице за загрозување на сигурноста, како и против поранешната сопруга на оштетениот за поттикнување при извршување на тоа дело.
Пријавите се однесуваат на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето сè уште се проверуваат.
Деск
Да се почитува имиџот на мојата сопруга и да се открие вистинскиот сторител на атентатот, порача доктор Шаини
2 Mins Read

