Жена од Росоман на возраст од 63 години заработи кривична пријава бидејќи во својот дом држела оружје без соодветна дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од министерството информираат дека ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Т.(63) од Росоман поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи”.
Пријавената, без дозвола од надлежен државен орган, во својот дом во Росоман држела ловечки карабин ,,сувенир” М-92, ловечка пушка ,,застава” кал.16 мм и куршуми различен калибар, истакнаа од МВР.
Деск

