Мелина Галиќ (44), поранешната сопруга на популарниот фолк пејач Харис Џиновиќ во саботата правела голема забава во Монако, по повод веридбата со нејзиниот партнер, 69-годишен бизнисмен, со кого живее заедно веќе подолг период.
Веста за веридбата ја објавија српските медиуми, според кои новиот избраник на Мелина имал цела империја во Монако, а во тек на летото таа често била забележана со него на неговата јахта, пловејќи на атрактивни туристички дестинации.
Инаку, Мелина која е модна креаторка, беше во брак со Џиновиќ околу две децении. Имаат син и ќерка, кои по разводот останаа да живеат со Харис во Србија.
Нејзината ќерка за време на посетите во Монако, често објавува фотографии од луксузот во кој живее Мелина со новиот избраник.
Харис пак, е свртен кон кариерата, и годинава имаше три гостувања на општински манифестации во земјава, и тоа во Прилеп, Берово и Кавадарци.
Деск

