Момче од Неготино било физички нападнато од страна на возрасен маж во Кавадарци, при што напаѓачот му го одзел мобилниот телефон. Како што известуваат од Секторот за внатрешни работи Велес, сторителот бил приведен и е осомничен за сторено кривично дело ,,разбојништво”.
-На 13.10.2025 во 12:45 на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.Ј.(42) од Кавадарци поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.
Според пријавеното, тој на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, физички го нападнал Ѓ.Т.(18) од Неготино и му го одзел мобилниот телефон. М.Ј. е приведен во полициска станица, а телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот, соопштија од СВР Велес.
Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против М.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

