Во знак на почит и благодарност кон ликот и делото на трагично починатиот музички уметник, врвен тромбонист, пијанист, композитор, аранжер, продуцент и професор, Филип Стевановски, во Занаетчиски дом се одржува двовечерна хуманитарна манифестација ,,Музика за Филип – поддршка за Кочани!” (14-15.10.2025 г.), објави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Настанот се реализира во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, со поддршка на Општина Куманово, како и Министерството за култура и спорт на РМ, во областа на музиката и музичко-сценската дејност.
-Пред присутната публика се обратив со емотивни зборови, посветени на големиот уметник кој зад себе остави богата музичка ризница и неизбришлива трага во македонската културна сцена.
На првата фестивалска вечер беше промовирано делото “Монографија за еден живот исполнет со звук, љубов и уметност”, авторство на неговиот татко Маријан Стевановски, прикажан документарен филм и изведени композиции – авторска музика на Филип, во изведба на неговите колеги и соработници музичари, соопшти кумановскиот градоначалник.
Деск
,,Музика за Филип – поддршка за Кочани”: Дводневен настан во Куманово во чест на Филип Стевановски
1 Min Read

