Насочен кон најпрефинетата и најпробирливата целна група – децата, Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“, со својот оригинален и искрен пристап ги заведе, израдува, па и восхити, не само нив, туку и возрасните, будејќи го детето во секој од нас, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на фестивалот ,,Игор Маџиров”.
-Како покровителка, и годинава имав чест да бидам дел од отворањето на фестивалот, којшто и во време на дигитален свет и интензивни визуелни дразби, успева да го задржи вниманието на децата, на младите, но и на возрасните.
Фестивалот ,,Игор Маџиров“ многу наликува на профилот на глумецот чие име го носи. Тој беше роден глумец, чии незаборавни улоги сè уште го вознемируваат секој кој го гледал и знаел. Тој си се вгради во македонската култура како легенда и замина во вечноста, истакна претседателката.
Игор Маџиров беше еден од најхаризматичните актери на нашата сцена, препознатлив по својата долга портокалова коса.
Почина во февруари 2000 година, само неколку часа откако ја одигра својата последна претстава ,,Убавицата и ѕверот”.
Познат беше по улогите од серијалот „Во светот на бајките” во кои го глумеше „Малиот Петар”, „Петар Гаван”, улогата во „Пред дождот”, како Петар Пан и како Могли, но и по многу други улоги во „Театарот за деца и младинци“, каде во периодот од 1993-та до 2000-та година Маџиров изиграл над 500 претстави.
Деск
Улогите на Игор се уште го вознемируваат секој кој го знаел и гледал, кажа претседателката на отворањето на фестивалот ,,Игор Маџиров”
2 Mins Read

