Синоќа во Њујорк се одржа долгoочекуваната модна ревија на „Victoria’s Secret“, која повторно ја врати гламурозната магија на модната сцена. На пистата продефилираа некои од најпознатите манекенки во светот, облечени во впечатливи креации со раскошни крила, светкави детали и смели дизајни.
Супермоделот Бела Хадид (29) откри колку биле тешки крилјата со кои прошета по модната писта.
Таа објави фотографија на Инстаграм, на која стои на крајот од модната писта во еден од аутфитите кои ги носеше за големиот настан, кој вклучуваше сребрен метален долен фустан со детали од реси и големи бели крилја прицврстени на грбот.
„Добро, ќе се преправаме дека овие крилја не тежеа 23 килограми“, напиша Бела покрај сликата, додавајќи дека сепак, и покрај тежината, се било прекрасно на ревијата.
Настанот беше проследен со настапи на познати музички ѕвезди и ексклузивни гости од модниот и забавниот свет. Со оваа ревија, брендот ја потврди својата амбиција да го модернизира имиџот и да ја слави различноста и самодовербата.
Колекцијата предизвика голем интерес и позитивни реакции, а ревијата веќе се смета за еден од најзабележителните модни настани оваа сезона.
Деск

