Кандидатот за градоначалник на ЗНАМ, Максим Димитриевски, освои 37,89 проценти или 16.183 гласови, според податоците на Државната изборна комисија. Тој ќе оди во втор круг со независниот кандидат Горан Стојковски-Диро кој освои 13,92 проценти, односно 5.946 гласови.
Во Куманово вчера гласале 42.712 избирачи, односно 45,72 проценти од гласачите.
Синоќа Димитриевски им се заблагодари на граѓаните и кажа дека без оглед на тоа дали ќе има или ќе нема втор круг на гласање по пребројувањето на сите гласови, тој ќе биде победник, според првичните резултати.
-Советничката листа на ЗНАМ исто така извојува победа и доби најмногу гласови, зад нас е листата на ВМРО-ДПМНЕ, и повеќе од јасно е дека мнозинството во Советот ќе го сочинуваат овие листи.
Она кое е посебно важно, јас добив поддршка од сите граѓани на Куманово, и од сите претставници на етнички заедници во градот, вклучувајќи ги Ромите, Албанците, Власите, Турците, Бошњаците, Србите и сите останати…
Апелирам доколку е потребно, само да ја потврдиме победата, истакна Димитриевски.
Деск

