Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски од СДСМ, и утринава учествуваше во собирањето на сметот. Со свои екипи го собираше и транспортираше насобраното ѓубре во Капиштец. Порача дека ќе се чисти во две смени, а од Капиштец продолжувал во други населби.
-И покрај тоа што ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје повторно потфрлија во собирањето и транспортирањето на сметот, Општина Центар и овој пат интервенираше со сопствени ресурси за да ја одржиме хигиената на највисоко ниво.
Заедно со вредните хигиеничари, и целата механизација повторно го чистиме сметот во Центар во две смени. Сметот е исчистен во Капиштец, акцијата ја продолжуваме и во другите населби, истакна Герасимовски.
Тој ќе оди во вториот изборен круг на Локалните избори на втори ноември. Вчера, во првиот круг освои 8.535 гласови, односно 38,19 проценти. Зад него е Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ со 5.707 освоени гласови, односно 25,54 проценти.
Деск

