Момче од Криволак било лишено од слобода, поради закани упатени до маж од Неготино преку социјална мрежа, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-На 21.10.2025 во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода А.А.(26) од село Криволак, неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека преку социјална мрежа и платформа за интеренет комуникација му се заканувал на 67-годишник од Неготино.
Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Деск

