Премиерот Христијан Мицкоски се сретнал со кралот Чарлс и објави фотографии од настанот. Како што истакна, средбата била искрена и се разговарало на повеќе теми на кои кралот им посветувал големо внимание со години.
-Во рамките на мојот престој во Лондон остварив средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III.
Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание.
Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.
Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, имам повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство, соопшти премиерот.
Деск

