Европскиот ден на правдата 25.10.2025 година секоја година се одбележува во сите држави во Европа и кај нас, а со цел доближување на правдата до граѓаните, ќе се одбележи и во Основниот граѓански суд Скопје, известуваат од институцијата.
-Одбележувањето на овој ден во тековната 2025 година, во судот ќе се спроведе со организирање на хумана акција „Дарување на крв“, во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во координација со Институтот за трансфузиона медицина.
Крводарителската акција во Основниот граѓански суд Скопје, ќе се спроведе на ден 27.10.2025 година во салата за состаноци, соба 6, кат 1, со почеток од 09.00 часот до 15.00 часот, соопштија од Основен граѓански суд Скопје.
Деск
Со дарување на крв, вработените во Основен граѓански суд Скопје ќе го одбележат Европскиот ден на правдата
1 Min Read

