Орце Ѓорѓиевски го повтори изборното ветување дека ако ја запечати победата во вториот круг и стане градоначалник на Скопје, ќе го исчисти градот од смет за 72 часа.
Во гостувањето во централниот дневник на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека одговорноста за проблемите со сметот лежи во менаџерот на градот, односно во Данела Арсовска, бидејќи кај неа била командната одговорност.
Посочи дека тој и градоначалниците на другите општини се соочувале со проблеми поради што морале самите да снаоѓаат околу собирањето на отпадот, но и дека на некои локации имало помал број на контејнери.
Како што појасни, тој и останати градоначалници немале соодветна механизација, па на испомош биле ангажирани општествено-одговорни компании, но и општините се договориле меѓусебно да си помагаат во собирањето на сметот.
Деск

