Од денес започнало вршење на дератизација во основните училишта и градинките, како и во шатхите, информира градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Тој посочи дека мора да се направи и дератизација во сите згради.
-Денеска заедно со граѓаните, со младите и со нашите вредни хигиеничари го чистевме Центар. Изминативе неколку дена, сме постојано на терен за да го исчистиме хаосот што го остави градската власт. Собиравме огромни кеси смет низ целата општина.
Недозволиво е ова што му се случува на Центар, но и на градот Скопје. Сите скопски општини се преплавени во смет поради неажурноста на ЈП „Комунална хигиена“.
Од утринава е почната и дератизацијата во основните училишта и градинки, предвидено е да трае во следните неколку денови. ЈП „ПОЦ“ организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад.
Мора да се направи и дератизација во сите згради, а вонредната дератизација е во тек кадешто во 1980 шахти се фрла сертифициран препарат, соопшти Герасимовски.
Им се заблагодари на сите граѓани кои се активирале и помогнале, упатувајќи апел до компаниите да помогнат со механизација, камиони и логистика.
Б.Н.

