48-годишна жена од Чешка која управувала мотоцикл се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во велешко, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера околу 14:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат с.Богомила–крстосница за с.Извор, општина Чашка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Т.(33) од Велес и мотоцикл „хонда“, управуван од 48-годишната Б.Н. од Чешка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Н., констатирани во Општа болница Велес, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Деск
Фото: Илустрација

