Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ донираше хипербарна комора за лекување на пациенти со хронични рани, дијабетично стапало, изгореници и за спортисти на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Истата наскоро ќе биде ставена во функција и ќе ја користат пациентите со изгореници, со хронични рани, дијабетично стапало, но и од пластична хирургија, пулмологија, сегментите кои работат на зајакнување на имунитетот и не само пациенти, туку и здрави спортисти за зајакнување на нивните спортски перформанси.
Премиерот Христијан Мицкоски се заблагодари за донацијата и кажа дека би сакал помалку пациенти коишто ќе имаат потреба од типот на изгореници, а повеќе пациенти од делот на спортот и слично коишто би ја користеле истата.
Деск

