Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП Комунална хигиена Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството. Неофицијално, приведен е директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми за несобирањето на ѓубрето во Скопје.
Моментално се превземале мерки за обезбедување докази.

Несобирањето на сметот во главниот град изминатиот период предизвика хаос, па камиони од други општини излегоа на помош, со цел да се тргне ѓубрето од улиците и да се превенира ширење на зарази. Во меѓувреме, загрижените граѓани алармираат за појава на глодари и стравуваат од епидемии кои тие ги предизвикуваат.
Деск

