Поради утврдени нерегуларности во првиот изборен круг, Државната изборна комисија разрешила членови во два избирачки одбори. Поради пропусти во спроведувањето на изборната постапка, Управниот суд го поништи гласањето на овие избирачки места.
Станува збор за избирачки места во Шуто Оризари, и тоа за избирачкото место 2962 се однесува за постапката за гласање за градоначалник, а за избирачкото место 2966 за резултатите за изборот на советници.
Како што соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на овие избирачки места ќе бидат назначени избирачки одбори од други општински избори комисии. Исто така, тој порача дека нема да се толерира незаконито работење на избирачките одбори.
Деск

