Најмалите велешани добија ново катче за забава, детско игралиште кое е донација од компанијата Пододекор, во спомен на Зоран Љутков, еден од сопствениците на компанијата, кој почина годинава во јули на 42-годишна возраст.
Детското игралиште ,,Зоки Поки” се наоѓа кај Железничката станица и е опремено со реквизити за најмалите.

-Ова ново место во близина на Железничката станица исполнето со детски џагор секогаш ќе не потсетува на овој голем човек кој со својот позитивен и ведар дух полн со љубов пленеше насекаде.
Благодарност до неговото семејство кои во најтешките мигови смогнаа сили да го завршат она што беше нивна заедничка желба и сон за поубав Велес, а нивната општествена одговорност нека биде поттик и пример за целата бизнис заедница. За крај, апел до сите да го чуваме ова катче и целата урбана опрема и во иднина да бидат радост за најмалите. Зоки, нема да те заборавиме, порача велешкиот градоначалник Марко Колев.
Деск

