Мажот кој во средата навечер со пиштол пукаше кон стан во зграда, е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира Секторот за внатрешни работи Охрид. Од таму додаваат дека во домот на лицето била пронајдена дрога и 25 куршуми.
-На 30.10.2025 во 22 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Г.М.(48) од истото село.
При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја.
Г.М. се сомничи дека ноќта на 29/30.10.2025 со пиштол пукал кон стан во зграда во Струга, при што е направена материјална штета, а повредени лица нема. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против Г.М. ќе поднесе соодветни кривични пријави, известија од СВР Охрид.
Деск
Приведен е мажот кој пукаше кон стан во зграда, дома му пронашле куршуми и дрога
1 Min Read

