Популарната турбо фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ синоќа го одржа својот прв соло концерт во Велес, во салата Гемиџии, пред околу 5.000 луѓе во публика, но настанот го засени случката со бугарското знаме.
Имено, додека пејачката пееше, некој и подаде бугарско знаме, кое таа го стави на рамената, по што веднаш следуваа бруни реакции од публиката.
Откако виде дека не и е јасно што се случува, нејзиниот колега, велешанецот Мики Секуловски веднаш и дојде на помош на сцената, па и укажа дека свирежите од публиката се поради знамето.
Изненадена поради бурните реакции на присутните, Ражнатовиќ го остави бугарското знаме, а потоа го продложи концертот и го развеа македонското знаме во знак на извинување.
Инаку, пејачката е позната по тоа што речиси на секој концерт во странска земја, развејува знаме, кое најчесто и го даваат присутните од публика.
На страницата Цеца Слофорум, каде се објавуваат детали за активностите на Ражнатовиќ, по настанот објавија дека Цеца направила спектакл во Велес, но и мал скандал со знамето, бидејќи таа заборавила дека Македонците и Бугарите се скарани.
Видео од настанот е објавено на страницата Мак Евентс Австралија:
https://www.facebook.com/reel/1312160190387262
Деск
На Цеца не и беше јасно зошто публиката во Велес и свири, Мики Секуловски дојде на сцената да ја спасува ситуацијата!
1 Min Read

