ОВР Неготино, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(67) од Неготино поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г став 2 во врска со став 1 од КЗ, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Од таму додаваат дека лицето на 20.10.2025 преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ускратување на изборното право на група граѓани по етничка основа.
-На 21.10.2025 во ОВР Неготино се примени три пријави, а потоа и на 24.10.2025 од страна на 107 жители на село Криволак, неготинско, писмено е пријавено дека Љ.Т. од Неготино на социјална мрежа објавил видео, кое било јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес, известија од СВР Велес.
Деск
Поднесена кривична пријава против неготинец поради сомнение за ширење на расиситички и ксенофобичен материјал преку комјутерски систем
1 Min Read

