Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој по потекло е од Велес, се огласи по повод вчерашниот настан во салата Гемиџии, каде Цеца Ражнатовиќ одржа концерт, на кој го вееше бугарското знаме. Како што наведува во својата објава, своевремено Велес бил центар на културните настани, и уште додека тој учел во средно училиште, во градот било срамота да се слуша турбо фолк музика. Исто така, порача дека е срамота да се оди од Рацин на Цеца, како и од Прличков на Северина, која пак беше музичка ѕвезда на годинашната Питијада.
-Додека растев, другите градови, посебно Скопје, Куманово и Струмица веќе стануваа турбо-фолк центри,
Велес беше град каде што само на едно место, и тоа можеби за викенд, ќе најдеше турбо-фолк музика, срамота беше.
Во Велес имаше рокерски, рап, метал клубови. Градот имаше десетина млади музички бендови. Градот имаше музичка сцена.
Во средно училиште, во гимназијата во Велес, само еден или двајца, и тоа најслабите ученици, слушаа турбо-фолк, и тоа онака, криејќи се, срамота беше.
Во тоа време, додека растев во Велес, имаше концерти, манифестации и настани, но никогаш тоа не било со пејачи од дното на понудата на Балканот, срамота беше.
Во тоа време, во Стоби, се одржуваа најкултните културни настани во Македонија, на рамниште на Охридско лето.
Изградивме најубава и најопремена зграда на театарот во Велес, каде што требаше уште посилно да се развива сета културна сцена на THE градот Велес.
Се радувавме дека не препознаваа на сите музички, поетски, драмски фестивали.
Затоа, овој настан со женава од Србија, се надевам дека некого ќе опамети и ќе престане да кокетира со шунд, турбо-фолк и шунд-поп музика која се увезува.
Знам дека мнозинството денес не мисли дека е срамота да се прима и живее оваа шунд култура, но срамота е, и штетно е, и за следните генерации и за сите.
И да ви кажам, има што да се направи за да се запре оваа декаденција на умот и културата.
Од Рацин, на Цеца.
Од Главинов, на Саша Матиќ.
Од Прличков, на Северина.
Од гемиџиите, на Жељко.
Срамота е, порача Димовски.
Деск
Previous ArticleПоднесена кривична пријава против неготинец поради сомнение за ширење на расиситички и ксенофобичен материјал преку комјутерски систем
Next Article Денес гласаат болните и затворениците

