Кој ни ги учи децата и каков пример имаат тие, јавно прашуваат кавадарчани на социјалните мрежи, откако се објави веста за скандалот во основно училиште во градот, дека се поднесени кривични пријави против наставничка и директорка на основно училиште, кои ширеле пораки од нивна колешка.
За настанот известија од Секторот за внатрешни работи Велес, од каде посочуваат дека ОВР Кавадарци, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.
-Имено, В.Т., вработена како наставник во училиште во Кавадарци, прво на 04.09.2025, во една од училниците, на службен лап топ компјутер го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и неовластено фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на М.Т., директорка на училиштето.
Исто така, В.Т. успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 05.09.2025 и 07.09.2025, повторно неовластено фотографирала лични пораки и ги дала на М.Т., која пак ги праќала на други колеги.
На 19.09.2025, на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица, М.Т. и се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испратела до други колеги, наведуваат од СВР Велес по повод случајот кој покрена лавина од реакции во Кавадарци.
Деск
Кој ни ги учи децата: Реакции во Кавадарци откако наставничка и директорка заработија кривични пријави поради ширење пораки од нивна колешка
2 Mins Read
Previous ArticleДенес гласаат болните и затворениците

