Се преземаат мерки за пронаоѓање на возач и возилото со кое вчера удрил во велоспипедист и го повредил, па го напуштил местото, соопштија од МВР. Настанот се случил на регионалниот пат Велес – Езеро Младост.
-Вчера во СВР Велес било пријавено дека во 11:10 часот на регионален пат Велес-езеро Младост се случила сообраќајна незгода помеѓу возило и велосипед управуван од Д.Т.(74) од Велес, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во несреќата со телесни повреди се здобил Д.Т., констатирани во Општа болница Велес.
Известен е јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот, соопштија ос Секторот за внатрешни работи Велес.
Деск
Previous ArticleДо 11.00 часот гласале 93.219 граѓани

