Легендарната сараевска група Индекси остави неизбришлив белег во историјата на југословенската музика со својата креативност, и е белег за едно време. Нивните песни сè уште живеат меѓу публиката и денес, а серијата концерти „Индекси и пријателите“, која се одржува речиси две децении, потврдува дека нивната музика сè уште е почитувана, слушана и инспирирана.
По емотивните настапи во Сараево и Загреб, следниот концерт ќе се одржи на 3-ти декември 2025 година во белградскиот Сава центар. Во Сината сала, публиката ќе има можност да ужива во безвременски хитови изведени од членовите на групата Индекси – Фадил Реџиќ, Нено Јурин, Пецо Петеј, Ранко Рихтман, Синан Алимановиќ и Мурис Варајиќ – поддржани од реномирани гости од регионалната сцена – објавија регионалните медиуми.
На сцената ќе им се придружат: Дадо Топиќ, Влатко Стефановски, Зоран Предин, Владо Калембер, Сеид Мемиќ Вајта, Бранко Ѓуриќ Ѓуро, Нермин Пушкар, Аида Мушановиќ Арсиќ, Горан Каран, Дејан Цукиќ и Џулијано – уметници кои со своите изведби ќе оддадат почит на музичкото наследство од Индекси.
На концертот „Индекси и пријателите“, публиката ќе има можност да слушне во живо легендарни песни како што се „Плима“, „Јутро ќе промените свè“, „Балада“, „Бацила је све низ ријеку“, „Утро“ и многу други кои ја одбележаа музичката сцена од шеесеттите до осумдесеттите години.
Б.Н.
Дадо Топиќ, Влатко Стефановски, Вајта и многу други музички легенди на концертот во чест на Индекси во Белград
2 Mins Read

