Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски најави мега концерт во Куманово, кој ќе се одржи во недела (10-ти ноември), по повод празникот 11 Ноември – Ден на градот и 81 година од ослободувањето на Куманово.
Настанот ќе започнел во 20.00 часот на градскиот плоштад, а ќе гостуваат Калиопи, Слаткаристика и Тони Зен, Еда Јакупи и Лука Чомбе.
-Очекувајте незаборавен музички спектакл со одлични изведувачи и атмосфера достојна на празникот на нашиот град!
Настанот е во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт – Куманово,
под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Ве очекуваме заедно да го прославиме Денот на Куманово – 11 Ноември, во духот на слободата, традицијата и заедништвото, порача Димитриевски.
Б.Н.

