Наши иселеници донираат финансиски средства преку платформата GoFundMe, за помош на фамилијата на Кире Ѓорѓиевски, кој почина пред неколку дена во затворот во Штип.
Информацијата ја објави Боби Темелков, претседател на Светски Македонски Конгрес – Канада, заблагодарувајќи се за донирањето, и во име на СМК објави дека бара итно и безусловно помилување на осудените за упадот во Собранието, кој се случи на 17-ти април 2017 година.
Инаку, Ѓорѓиевски за чие семејство се собираат донации, беше осуден на 13 години затвор за напад на пратеникот Зијадин Села во Собранието.
И во минатото во повеќе наврати од СМК собираа донации за помош на семејствата на осудените за настаните во Собранието.
Деск

