Горан Герасимовски, градоначалникот на Центар, го започна вториот градоначалнички мандат со средба Билјана Ивановска и Марија Среброва, кои беа негови противкандидати во предизборната трка на Локалните избори.
На средбата не присуствувал неговиот противкандидат од вториот круг Мирослав Лабудовиќ поради работни обврски.
-Конструктивен и искрен разговор со моите противкандидатки од локалните избори, Билјана Ивановска и Марија Среброва. За жал, на мојата покана не се одзва Мирослав Лабудовиќ поради работни обврски.
На средбата, на која присуствуваше и мојот тим, дискутиравме за сите важни теми и ги слушнавме идеите и предлозите на моите две противкандидатки во изборниот процес.
Со оглед на нивните искуства, Среброва како советник во Советот на Општина Центар и Ивановска како поранешна претседателка на ДКСК, очекувам нивен придонес во развојот на нашата општина.
Се надевам дека оваа отворена и искрена комуникација ќе продолжи и во иднина, со цел да создадеме заеднички решенија за подобар Центар, објави Герасимовски, кој освои 11 108 гласови, наспроти неговиот противкандидат од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, кој доби 7 987 гласа.
Деск
Со оглед на искуствата на Ивановска и Среброва, очекувам нивен придонес во развојот на општината, кажа Герасимовски по средбата со противкандидатките
1 Min Read

