Две лица го изгубија животот, а пет се тешко повредени во сообраќајната несреќа која се случила попладнево околу 17.00 часот на патот А1 Прилеп – Росоман, во близина на село Радобил.
Според првичните неофицијални информации до кои дојде ВИКИМЕДИА, починатите се млади лица од село Дреново. Повредени биле уште три лица исто така од Дреново, кои заедно се превезувале во ист автомобил, а пак од другото возило со тешки повреди се здобиле две млади лица од Турција.
Тројца од повредените биле пренесени во кавадаречката болница, од каде потоа двајца биле препратени на скопските клиники.
И во прилепската болница биле пренесени две тешко повредени лица.
Сите лица се млади мажи, со многу тешки повреди, според првичните неофицијални информации кои доаѓаат од терен.
-Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.
Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот, соопштија од МВР.
Деск
Previous ArticleТри лица краделе тутун од фолии, нанеле штета од над 8.000 евра!

