Популарниот српски турбо – фолк пејач Аца Лукас ќе одржи солистички концерт во Охрид, во Спортскиот центар Билјанини извори на 30-ти декември.
Влезниците за настанот се пуштени во продажба по цени од 600 до 900 денари, а во претпродажба по промотивни цени од 6.000 до 8.000 денари се пуштени и ВИП пакетите кои содржат шише алкохол и висока маса.
Инаку, Охрид е една од честите дестинации на Лукас, кој редовно во тек на лето, но и пред новогодишните празници настапува пред охриѓани.
Иако често е критикуван поради неговиот животен стил, сепак секој негов настап е распродаден во рекордно време.
Б.Н.

