Градскиот воз станува реалност – ветеното се реализира, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денес, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Македонски железници Синиша Ивановски, изврши увид во градежните работи на еден од најголемите инфраструктурни проекти – градскиот воз.
Како што истакна, проектот за само половина година ќе бил целосно функционален.
-Градскиот воз претставува нова, современа и еколошка алтернатива за движење низ метрополата.
Со него, жителите од Драчево ќе стигнуваат до центарот на градот за само 11 минути, а од Зелениково за 25 минути – брзо, удобно и без застои.
Ова ќе значи и почисти воздух, емисијата на штетни гасови ќе се намали што позитивно ќе се одрази на животната средина и здравјето на сите нас.
Како Град Скопје, силно и логистички сме вклучени во реализацијата на овој проект.
Ќе се воспостави синхронизација на возниот ред меѓу автобусите и возовите, со што патниците ќе добијат непречен, поврзан и ефикасен транспорт низ сите делови на градот.
Ова е прва фаза од проектот, а во наредниот период ќе се довршат и останатите две од Ѓорче Петров и Миладиновци до центарот на градот, порача Ѓорѓиевски и се заблагодари на премиерот Мицкоски, како и на сите кои биле вклучени во процесот.
Деск
Од Драчево до центарот на Скопје ќе се стигнува за 11 минути: Ѓорѓиевски го најави градскиот воз!
2 Mins Read

