Истакнатиот академски сликар Илија Спасовски – Чендо, изложува свои дела во Музеј Неготино.
Неговата изложба беше отворена синоќа во салонот за изложби во градскиот Музеј, во рамки на одбележувањето на Осми Ноември – Денот на Општина Неготино.
Препознатлив по својот апстрактен стил, Чендо е уметник кој има голем придонес во ликовниот живот во Неготино, градот во кој е роден и каде целиот свој живот го помина творејќи и оставајќи зад себе богат ликовен опус.
Досега има реализирано голем број на самостојни изложби во Софија, Белград, Нови Сад, Дубровник, Цирих, Винтер Тур, Битола, Скопје, како и учества во групни изложби.
Член е на ДЛУМ и добитник на наградата за сликарство „Лазар Личеновски“ во 2011 година.
Во јуни годинава беше отворена негова самостојна изложба во Продажниот ликовен салон на Културно-информативниот центар, Скопје, каде беа претставени 25 негови дела изработени во техниката пастел.
В.К.

