Вчера попладне во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека се пронадени остатоци од човечко тело, во атар на селото Сопот, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Од таму истакнуваат дека увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, а пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа.
Деск

