Продолжува кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“, соопшти министерската за образование и наука, Весна Јаневска, која вчера беше во Тетово, каде се одржа панел дискусија преку која се прави паралела на образованието и оценувањето, некогаш и сега.
-Разликата е во промената на методите на учење и подучување, примената на нови технологии како вештачката интелигенција, фокус кон нови области, кон нови вештини…
Но и тогаш и сега, во образованието има нешто подеднакво важно – наставникот кој е клучна алка и ниту една технологија не може да го замени.
Иако тоа е така, за жал долг период наставничката професија била девалвирана, не само од претходната Влада која се потврди дека покажа лажна грижа, туку и од многу поединци, родители, моќници во општеството, објави Јаневска, која додава дека Владата била цврсто определена да го подобри статусот на наставниците.
-Пред 16 месеци предложивме цел сет мерки кои ќе го подобрат нивниот економски статус, ќе ги унапредат нивните компетенции, мотивираноста и ќе ја подигнат продуктивноста. Тие мерки се реализираат. За 12% повисоки плати и гаранции за постојан годишен реален раст, 67 милиони евра во инфраструктурни инвестиции, воведување едносменска настава која е попродуктивна и во моментов 200 училишта ја имаат воведено, а лани беа 150-тина.
Организираме обуки на разни теми од интерес на наставниците и откако сум министер со поддршка од Светска банка вложени се преку 700 илјади евра за обука, а дадовме и можност за кариерен развој преку напредување во звање ментор и советник, што исто така значи повисоки лични приходи.
Продолжуваме понатаму. На иста страна сме, ќе ги поддржуваме, а тие ќе возвратат со придонес во градење поквалитетен образовен систем, истакна министерката.
Деск
Биле вложени над 700 илјади евра за обуки за наставниците, министерката Јаневска вели дека тие ќе возвратат со градење на поквалитетен образовен систем
2 Mins Read

