Има да одговараат сите од прв до последен! Кој сака нека биде, порача премиерот Христијан Мицкоски од Охрид, по повод скандалот со средствата од ИПАРД програмата, откако поради основани сомневања за коруптивни активности, минатата недела во акција на истражните органи беа уапсени актуелниот директор на Агенцијата и уште четири лица поради давање и земање мито.
-Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Затоа што првичните информации говорат дека тоа не е од сега, туку со години наназад. Ќе истражиме сѐ и секој кој што мисли дека така ќе помине се лаже, истакна Мицкоски и кажа дека побарал да се блокира исплатата на парите од ИПАРД, за да се види до каде оделе злоупотребите.
Министерството за финансии пак, информираше дека за одлуката за времено стопирање на исплатите веднаш била известена Европската комисија (ЕК), чиј повратен одговор бил дека ја поздравуваат одлуката на националните структури во земјата.
-Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење ефективни мерки за заштита од измами и корупција, наведено е во соопштението од министерството.
Деск
Кој сака нека биде, има сите да одговараат, кажа Мицкоски за скандалот со парите од ИПАРД
1 Min Read

