Студиото „Лајонсгејт“ го објави првиот официјален трејлер за очекуваниот биографски филм за Мајкл Џексон, со што започна официјалната промоција на проект кој е во развој со години.
Неговиот внук Џафар Џексон е во главната улога, а Антоан Фуква, познат по акционите и трилер филмови, е режисер. Продукцијата е потпишана од Греам Кинг, креаторот на успехот на филмот за Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, пишува Танјуг – Евроњуз.
Трејлерот открива рекреирани сцени од легендарното студио и трогателни моменти од неговата кариера – вклучувајќи го и снимањето на музичките видеа за „Thriller“ и „Wanna Be Startin’ Somethin’“. Премиерата на филмот е закажана за 24 април 2026 година, по неколку одложувања предизвикани од предизвици во продукцијата и штрајкот на актерите.
Екипата е импресивна: покрај Џафар Џексон, во филмот глумат и Колман Доминго како Џо Џексон, Ниа Лонг како Кетрин Џексон и Мајлс Телер како адвокатот Џон Бранка. Снимањето официјално заврши во мај 2024 година, а дополнителни снимки и постпродукција ќе следат во 2025 година.
Сепак, проектот не е без критики. Ќерката на Џексон, Парис Џексон, јавно се дистанцира од продукцијата, тврдејќи дека сценариото не ги опфаќа сите важни аспекти од животот на нејзиниот татко, особено обвинувањата за сексуална злоупотреба.
Содржински, филмот најавува дека ќе го следи патот од детството како дел од семејството Џексон 5, преку соло успех, до статусот на светска поп икона. Но, останува нејасно до кој степен ќе се адресираат неговата лична драма и контроверзии, пренесе Евроњус.
Деск
Најавена премиера на биографскиот филм за светската поп икона: Внукот на Мајкл Џексон ја игра главната улога
2 Mins Read

