Еден од најпрепознатливите вокалисти на регионалната рок сцена, Младен Војичиќ Тифа, носи нова песна со моќен наслов – „Ангел во пеколот“, уште едно посебно поглавје во неговата богата музичка кариера, но и почеток на соработка со реномираната издавачка куќа Хит Рекордс, пренесе хрватски Дневник.
-Автор на музиката и текстот е Мирослав Рус, еден од најпознатите автори во регионот, додека аранжманот, заедно со него, го потпишува тим составен од Михаел Блум, Влатко Стефановски, Федор Боиќ, Дада Маринковиќ, Ален Светопетриќ, музичари кои со своите потписи ѝ дадоа на песната единствена енергија и карактер.
Посебна димензија внесе легендарниот гитарист со светско реноме – Влатко Стефановски, кој ѝ даде на „Ангел во пеколот“ дополнителна моќ со својата препознатлива виртуозност и емоционална интерпретација на гитара.
Тифа и Рус ги споија искуството, емоцијата и музичката искреност во песна што зборува за борба, прошка и човечка сила. „Ангел во пеколот“ носи емоција и едноставност што ве допира веднаш, и иако зборува за пеколот на животот, носи топлина и светлина, објави Дневник.хр.
Деск
Previous ArticleНајавена премиера на биографскиот филм за светската поп икона: Внукот на Мајкл Џексон ја игра главната улога
Next Article Исчезна 50-годишна жена, се бара помош од јавноста

