По објавата на видео на социјалните мрежи, на кое тинејџерка вперува пушка кон главата на својот помал брат, од Министерството за внатрешни работи информираат дека е расветлен случајот од крушевско објавен на социјални мрежи, обезбедено било лицето и следувала соодветна пријава.
Како што додаваат од МВР, вчера во 13:00 часот во с.Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с.Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје.
-Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11 – годишен брат.
По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А.ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од МВР.
Деск
Расветлен случајот со видеото на кое тинејџерка вперува пушка кон главата на брат и
1 Min Read

