Британскиот пејач Дејвид Ковердејл, најпознат како фронтменот на хард-рок групата Whitesnake и поранешен вокалист на Deep Purple, го објави своето пензионирање од музичката индустрија.
Во видео што го сподели на социјалните мрежи на 13 ноември 2025 година, Ковердејл рече:
„По повеќе од 50 години неверојатно патување со вас – со Deep Purple, со Whitesnake, со Џими Пејџ – во последниве години ми стана многу јасно дека е време да ги закачам моите рокенрол платформи и тесни фармерки.“
Ковердејл имаше истакната кариера: од рок од 1973 до 1976 година како главен вокал на Дип Парпл, преку формирањето на Вајтснејк во 1978 година, до големи успеси во средината на осумдесеттите (синглови „Here I Go Again“, „Is This Love“).
Во својот говор, тој им се заблагодари на сите што беа дел од неговата кариера – музичари, техничка екипа, обожаватели и семејство – и истакна дека, по децении турнеји и снимање, решил да „ужива во пензионирањето“.
Последниот албум на „Вајтснејк“ под водство на Ковердејл е „Flesh & Blood“ од 2019 година, а последниот концерт на групата беше на 23 јуни 2022 година, на фестивалот „Хелфест“ во Франција, пред турнејата да биде откажана поради здравствени проблеми.
Ова официјално означува крај на една ера во рокенролот – од денес, Ковердејл е меѓу ретките големи имиња кои официјално го објавија своето пензионирање по повеќе од половина век.
Б.Н.

