Вчера околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци, соопшти Секторот за внатрешни рабти Велес.
Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот.
-Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, известија од полицијата.
Деск
Малолетник од Кавадарци повреден од воздушна пушка: Другарот случајно испукал дијабола
1 Min Read

