Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков соопшти дека плоштадот Крушевска Република ќе добие нов лик. Тој најави реконструкција со современа урбана опрема, осветлување, како и гранитни плочки.
-Ми причинува особено задоволство што може да ја информирам јавноста дека денеска стартуваат подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот.
Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување.
Заедно со дел од администрацијата која е задолжена за реализација и следење на проектните активности како и директорите на јавните претпријатија извршивме теренски увид на просторот каде што ќе се одвиваат градежните работи, при што беа посочени сите приоритетни точки, соопшти градоначалникот.
Вредноста на проектот изнесувала 45.000.000 денари, односно околу 732.000 евра, а средствата биле обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Изведувач на градежните работи е АД „Карпош“ од Скопје.
Деск
Ќе се реконструира охридскиот плоштад: За 732.000 евра централниот дел на градот добива нов, урбан изглед
1 Min Read
Previous ArticleОд утре започнува откупот на тутун

