Завчера, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Имено, при преземање на мерките, во место викано Ресуљка во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Србија беа откриени два импровизирани кампови во кои се пронајдени осум илегални мигранти, од кои двајца од Пакистан и шест од Авганистан, меѓу кои и две деца.
Истиот ден, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против З.Х.(20), Џ.Д.(31), В.Х.(34), А.Ш.(37) и 15-годишник., сите од Авганистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Криумчарење мигранти“ по член 418 -а и 418-б од Кривичниот законик.
Имено, пријавените во неколку наврати прифатиле, во улога на водичи илегално пренеле и засолниле група од илегални мигранти од Грција до камповите. Откако ги сместувале во импровизираните кампови, З.Х. и Џ.Д. со употреба на сила и закана од лицата изнудувале парични средства со цел да им овозможат нивно понатамошно префрлување на територија на Србија, а со крајна дестинација земјите од Европската унија, истакнаа од МВР.
Деск
Кривична пријава за петмина Авганистанци кои криумчареле мигранти: Им изградиле кампови и со сила им изнудувале пари!
2 Mins Read
Previous ArticleЌе се реконструира охридскиот плоштад: За 732.000 евра централниот дел на градот добива нов, урбан изглед
Next Article Deep Purple доаѓа во Скопје на бис!

