Добро утро, со фотоалбумот од посетата во Брисел, од новиот дом на Мисијата на Албанија во близина на Европската Унија, до историската конференција со ЕУ за отворање на сите поглавја од преговорите за членство во ЕУ, ви посакувам убав ден, порача денес албанскиот премиер Еди Рама, објавувајќи фотографии од Брисел.
Албанија го отвори последниот, шести кластер од пристапните преговори со Европска Унија, нагласувајќи ги своите амбиции да стане членка до крајот на деценијата.
Кластерот наречен „Ресурси, земјоделство и кохезија“ опфаќа земјоделство, рибарство, безбедност на храната и политики за кохезија.
Во последниот извештај на Европската комисија за проширувањето, Албанија доби најповолни оценки, заедно со Црна Гора. Во него беше наведено дека таа би можела да ги заврши преговорите до 2027 и да стане членка до 2030.
Деск
Добро утро од Брисел, порача Еди Рама: Албанија со рекордно достигнување во напредокот на европската интеграција!
1 Min Read
Previous ArticleDeep Purple доаѓа во Скопје на бис!
Next Article Правдата за Кочани е правда за сите нас

