Дури 55 неексплодирани детонаторски каписли биле пронајдени во домот на кавадарчанка, случајно, откако започнала со реновирање. Од страна на пиротехничари бииле безбедно подигнати, а настанот го потврди Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од Кавадарци пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви.
Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли, соопштија од полицијата.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Деск

